ПРВ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС ВО СТРУМИЦА
Денеска е евидентиран првиот позитивен пациент на Ковид-19 во Струмица, информираше директорот на Центарот за јавно здравје, Петре Витанов.
„Се работи за триесет и две годишен струмичанец, кој имал поголем број на контакти и многу се движел. Тој е во добра здравствена состојба, но состојбата е сериозна бидејќи пациентот имал многу контакти и самиот не знае каде и од кого се заразил“, рече директорот Витанов.
Тој апелира граѓаните да не се опуштаат и целосно да се придржуваат до мерките за заштита.
