|

Артан Груби за пукањето на митинг на ДУИ: Истражните органи да спроведат истрага

Вицепремиерот Артан Груби  го осуди пукањето од огнено оружје на отворањето на изборниот штаб на ДУИ во Чаир, настан на кој и тој присуствувал и побара истражните органи да спроведат истрага за инцидентот.

Груби во изјава за Плусинфо вели дека до сите претседатели на ограноци, шефови на општински штабови на ДУИ е испратена порака за мирна и достоинствена кампања.

– Апсолутно осудуваме секакво пукање не само на митинзи, туку било каде и истражните органи треба да спроведат истрага.

На секој митинг апелираме за достоинствена кампања и впрочем нашата 20 годишна историја на организирање избори кога сме ги предводеле институциите покажува дека тие биле примерни – вели Груби.

ДУИ, како што вели тој, се залага за мирна кампања, каде што ќе ги презентира проектите за секоја општина.

Извор: Zoom. mk

Слични Објави