Пописот заврши, попишани 1,8 милион лица, конечните резултати следната година

/

За време на Пописот 2021 попишани се 1.832.696 лица, 568.175 домаќинства и 837.255 станови. За 20 години Македонија загубила 190 илјади луѓе. Помалку од 10 илјади луѓе одбиле да се попишат и за нив ќе бидат поведени постапки. Резултатите од пописот се очекуваат до крајот на март следната година.

Пописот успешно заврши, рече директорот на Државниот завод за статистика (ДСЗ), Апостол Симовски. Најголемата статистичка операција во земјава траеше 26 дена, од 5 септември до денеска.

За време на Пописот 2021 попишани се 1.832.696 лица, 568.175 домаќинства и 837.255 станови.

„Немавме точна претстава со што ќе се соочиме на терен, со оглед на тоа што речиси 20 години немало попис во земјата, но после 20 години имаме успешен попис“, рече Симовски.

Апликацијата за попис е затворена синоќа во 20 часот.



Во земјава последен пат се одржа попис во 2002, а обидот во 2011 беше неуспешен. На пописот во 2002 биле попишани 2.022.547 лица. За 20 години Македонија загубила 190 илјади луѓе.

Резултатите, според Законот за попис, се очекуваат во рок од шест месеци, до крајот на март следната година.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Заев не го поддржува предлогот за скратено работно време на администрацијата

Следна статија

Артан Груби за пукањето на митинг на ДУИ: Истражните органи да спроведат истрага

Најново од Вести