| |

ОБЕДИНЕТИ КОНЗЕРВАТИВЦИ: ДА ГИ ЕЛИМИНИРАМЕ ЗАЕДНО, ОНИЕ КОИ 27 ГОДИНИ НИ ГО КРАДЕА ДОСТОИНСТВОТО И ЏЕБОТ И ОД ПОЛИТИЧАРИ СТАНАА БИЗНИСМЕНИ

На познатата facebook страна „Приказни од булеварот“ се појави повик за обединување на сите конзервативни структури со цел обединување и симболичен рестарт на системот, преку промена на политичката култура во Македонија и секако како што се вели во повикот „прогонување на сите оние поради кои резигнирано шепотиме дека се е џабе“. Ви го пренесуваме повикот во целост:

24.2.2017 година. Марш по улиците на Скопје, на црните маици и на македонските патриоти кои без исклучок, удрија со порака и жолт картон и до лидерот на ДПМНЕ и до СДСМ, македонскиот глас и гласач да не бидат уценувани и омаловажувани од нивните потенцијални коалициони партнери! Знамето во првиот ред, каде ѕидиштата на еден систем, во боите на ДПМНЕ и СДСМ ги пука млад човек со црна маица на себе, го направи нервозен Никола Груевски,кој одби средба со нас и го принуди својот полтрон Бетмен Велит да ја зароби нашата чиста мисла со партиска мисла и многу кеш.
Не можевме да се бориме со разбревтаното чудовиште и се повлековме.
Денес на 21 Јули, 2018 лето Господово обзнануваме дека нашиот пат продолжува онаму каде што тогаш застанавме. Нашиот прототип на борба, нашиот оригинал, што тогаш станаа препознаени, ќе продолжи со жестоко и прецизно темпо. Многу посилни и многу поорганизирани! Шпионите и платениците од оваа наша борба се архивирани и неутрализирани!
Упатуваме повик до сите прогресивни млади патриотски структури, десни, конзервативни, демохристијански, да застанат рамо до рамо до нас и да се приклучат кон нашиот заеднички пат, овој пат многу посилни, многу поискусни и многу поорганизирани.
Да ги елиминираме заедно оние кои 27 години ни го крадеа достоинството, џебот, националниот код, да ги пензионираме оние кои од политика станале бизнисмени, оние кои ја извалкаа десната идеологија. Оние кои ни ги избркаа децата од нашата татковина, оние кои ги понижија нашите мајки по шивачниците и хангарите, оние кои ни ги скараа земјоделците на наши и нивни, оние кои ги демотивираа и ги уништија нашите безбедносни сили, оние кои ни ги апсеа и ги ставија на прогон младите патриоти и навивачи, оние кои сменија 300 дресови во борбата за нивен личен интерес! Да ги прогониме сите оние поради кои резигнирано шепотиме дека се е џабе.
Една плунка и јавен срам снимено како кадар и пуштено низ етер, може да е симболичен почеток за корекција на свеста, но нашиот збор и цврст чекор спремаат пат во наредните 10 години да го деконтаминираат просторот кој е затруен од криминалци, предавници, клиентелисти и обезличени човечки битија! 21 Јули е денот кога ние, младите десни, ќе почнеме да си го средуваме дворот во нашата куќа! Од денес па натаму: НЕМА НАЗАД!!! Заедно со вас!



Слични Објави