|

МЕТА: РАМА Е НЕПРИЈАТЕЛ НА АЛБАНСКИОТ НАРОД, А ЗЕМЈАТА Е ЗАЛОЖНИК НА БАНДА КОНТРОЛИРАНА ОД СОРОС

Албанскиот претседател, Илир Мета,гостувајќи во емисија на Тв Клан го обвини премиерот Еди Рама дека се претворил во непријател на албанскиот народ и додаде државата е заложник на банда, контролирана од Сорос. Според Мета народот мора еднаш и засекогаш да ја земе судбината во свои раце.

„Еди Рама се претвори во непријател на албанскиот народ. Мојата задача е да се залагам за Уставот и политичкиот плурализам.Рама е тој што ги протера младите од земјата, тој кој им наредува на армиските генерали да не доаѓаат кај претседателот, значи дека државата е заложник на банда контролирана од Сорос. Време е народот да ја земе судбината во свои раце“, рече Мета.

Според Мета парламентарните избори што треба да се одржат на 25 април следната година се референдум на кој луѓето ќе луѓето ќе гласаат дали да одат во Европа или да одат во бездна.

„Мојата главна цел е да ја вратам Албанија на Албанците преку воспоставување референдуми, за да Уставот на Албанија повеќе не се доведува во прашање од две партии, како во 2008 година. Референдум на 25 април и по овој ќе има и други референдуми“,рече Мета.

Во врска со гласањето во Собранието, каде беше отфрлена неговата уредба за измените во изборниот законик, Мета рече дека тоа го блокира патот на Албанија кон евроинтеграциите.

Слични Објави