АКО НЕКОЈ НЕКОГАШ СЕ ЗАЉУБИ ВО ТЕБЕ…

/

Ако некој некогаш се заљуби во тебе тоа не значи дека тој некој треба да го земеш здраво за готово и да си играш со неговите чувства.
Ако некој некогаш се заљуби во тебе тоа не значи дека тој некој е глупав и можеш да правиш што сакаш со него.
Ако некој некогаш се заљуби во тебе тоа не значи дека имаш право да го растажуваш.
Ако некој некогаш се заљуби во тебе тоа не значи дека имаш право да го доведуваш во ситуација да те моли.
Ако некој некогаш  се заљуби во тебе тоа не значи дека треба да му се правиш на недостапен.
Ако некој некогаш се заљуби во тебе тоа не значи дека треба да го даваш своето внимание само кога ти ќе посакаш.
Ако некој некогаш се заљуби во тебе тоа не значи дека имаш право да го навредуваш.
Ако некој некогаш се заљуби во тебе тоа не значи дека имаш право да му го повишиш тонот.
Ако некој некогаш…
Ако имаш среќа во овој краток живот некој да се заљуби во тебе чувај го како капка на дланка. Чувај го толку добро како да се работи за твоите сопствени очи. Давај ги твоите прегратки без да очекуваш нешто за возврат. Ако ги дадеш твоите прегратки ќе добиеш безвременски крилја. Љуби го, укради цвеќе за заљубениот од дворот на комшијата, купи еден сладолед за двајцата, фати го за раце и врти се во паркот како да ти е првата љубов во животот.
Ако некој некогаш се заљуби во тебе, запомни ти си среќен човек! Само љубовта е одговорот на сите прашања. Само љубовта е решението на сите проблеми. Само љубовта е водечката сила во животот.

Автор: Плетенка



Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: НЕ ДОГОВАРАМЕ АМНЕСТИЈА-СДСМ ЈА ДЕФОКУСИРА ЈАВНОСТА

Следна статија

ОБЕДИНЕТИ КОНЗЕРВАТИВЦИ: ДА ГИ ЕЛИМИНИРАМЕ ЗАЕДНО, ОНИЕ КОИ 27 ГОДИНИ НИ ГО КРАДЕА ДОСТОИНСТВОТО И ЏЕБОТ И ОД ПОЛИТИЧАРИ СТАНАА БИЗНИСМЕНИ

Најново од Истакнато

Последниот атентатор (8)

Спомени на Крсто Петрушев (1913-2007) од Богданци, припадник на ВМРО, запишани од Владимир Перев. На почетокот