| |

Еврејски организации од Бугарија со поддршка за здружението „Цар Борис III“ од Охрид

Две организации на бугарски Евреи испратија писма со поддршка за здружението на граѓани „Цар Борис III“ од Охрид, чие официјално отворање ќе се одржи на 7 октомври, петок, во Охрид.

Јудејскиот патриотски институт и бугарско-еврејскиот Научен институт со седишта во Софија, ја искажаа својата официјална поддршка за здружението „Цар Борис III“ во Охрид, објавувајќи се против говорот на омраза адресиран кон здружението од одредени кругови во Северна Македонија, заради фактот што го носи името на бугарскиот цар Борис.

„Ве поздравуваме г-не Блажевски и со најголема почит ја изразуваме нашата поддршка за прекин на говорот на омраза и утврдување на историската вистина, посебно за царот Борис III, кој изиграл одлучувачка улога за спасот на Евреите бугарски поданици“, се вели во пораката за поддршка од двете невладини организации на Евреи од Бугарија.

Ви ги претставуваме двете писма со поддршка за здружението „Цар Борис III“ од Охрид:



Слични Објави