ИСИС УБИ 11 ХРИСТИЈАНИ КАКО ОДМАЗДА ЗА СМРТТА НА АЛ БАГДАДИ
Припадници на џихадистичката група Исламска држава емитуваа видео снимка на која е прикажа егзекуција на 11 христијани во северозападниот дел на Нигерија.
„Тоа е порака до христијаните во цел свет“ изјави маскиран маж во едноминутното видео.
Тој тврди дека егзекуцијата е одмазда за смртта на лидерот на ИД, Абу Бакр ал Багдади и неговиот портпарол.
Џихадистите во неделата убија шест лица и киднапираа петмина во нигериската покраина Мајдугури.
Во североисточниот дел од Нигерија, ИД има убиено 36.000 луѓе, а поради нејзиното дејствување раселени се околу два милиони луѓе. Насилството е проширено и во соседните земји – Нигер, Чад и Камерун.
