ВМРО-ДПМНЕ: Славјанка Петровска е со регистрирано живеалиште во луксузната хациенда со базен

/

„Славјанка Петровска и нејзиното семејство е со регистрирано живеалиште во луксузната хациенда со базен.

Славјанка Петровска гласа во ОУ „Ацо Шопов“ во Бутел во избирачко место на кое гласаат жителите од „Радишанска“ од делот каде што се наоѓа хациендата на Петровска.

Семејството на Петровска се јавува и како обврзник за плаќање на сметките во хациендата.

Таткото на Петровска е лицето на чие име гласат сметките за вода кои стигаат на таа адреса.



Петровска не може да бега од одговорност. Таа се обиде да сокрие луксузна хациенда со базен. Петровска лажеше за својот имот.

Славјанка Петровска да си поднесе оставка, а хациендата со базен да ја донира не на ВМРО-ДПМНЕ како што вети, туку на здруженијата на бранители од 2001 година“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна статија

Кривична пријава против скопјанец за фалсификување пари

Следна статија

Бесими: Бордот на ММФ го одобри ПЛЛ, со тоа и првата транша oд 110 милиони евра

Најново од Вести