Кривична пријава против скопјанец за фалсификување пари

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Д.Л.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари” по член 268 Кривичниот законик.

Пријавениот, информираа денеска од МВР, набавил фалсификувана банкнота од 500 евра и на 26.11.2021 ја употребил при купување на продукти во продажен објект во Скопје.

По преземени мерки и извршено вештачење било утврдено дека банкнотата е фалсификувана.





Претходна статија

Гала концерт на светската оперска ѕвезда од Бугарија Александрина Пендачанска во Националната опера и балет

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ: Славјанка Петровска е со регистрирано живеалиште во луксузната хациенда со базен

Најново од По дома