(Видео) Во Софија се одржа голем антикомунистички марш
Во центарот на Софија се одржа голем антикомунистички марш. Во суштина, ова е забранетиот од градот Софија „Луковмарш“, јавува БГНЕС.
Стотици млади луѓе, главно облечени во црно и со бугарски знамиња во раце почнаа да се собираат на плоштадот „Света Недела“ околу 15 часот. На почетокот на поворката тие ги носат портретите на истакнати бугарски офицери, политичари и интелектуалци со десничарски ставови кои биле убиени од комунистите по 9 септември 1944 година. Меѓу нив се Стефан Клечков, Петар Габровски, Богдан Филов, Тодор Кожухаров, мајор Кирил Дрангов, Теодор Трајанов, Тодор Дипчев, Данаил Крапчев. Меѓу портретите немаше ниту еден на ген. Христо Луков.
Организаторите сакаат да ги отстранат сите комунистички споменици, како и да ги преименуваат улиците и градовите што ги носат имињата на комунистичките херои. Иако учесниците во поворката негираат дека се на каков било начин поврзани со „Луковмарш“, нема сомнеж дека се работи за истите луѓе.
По собирањето, толпата тргна по улиците „Алабин“ и „Граф Игнатиев“, помина по булеварите „Патријарх Евтимии“ и „Витоша“ и заврши таму каде што тргна пред соборниот храм „Света недела“. Тие скандираа: „Забранети, но не заборавени“ и „Сите комунисти во затвор“.
Поворката ја обезбедуваше полиција и помина мирно без ексцеси.
