БОРИСОВ ЗА ФАЦ: КОМПРОМИС СО МАКЕДОНИЈА Е ВОЗМОЖЕН, НО ТРЕБА ДА СЕ ЗНАЕ ИСТОРИЈАТА

„Единствената земја што сака пристапните разговори со нашата соседна република да започнат дури и повеќе од Германија е – Бугарија. Но, за мене беше големо изненадување што неодамнешната резолуција на Европскиот парламент за Бугарија го покрена прашањето за наводно македонско малцинство во Бугарија. Во Бугарија нема македонско малцинство. Какво македонско малцинство треба да има во Бугарија, ве молам? Не познавам такво малцинство. Само од резолуцијата дознав дека наводно има. Наместо да водиме позитивна дебата за европскиот пат на Република Северна Македониja, сега се насочуваме кон сосема различна дебата.Треба да кажам дека ваков развој на настаните навистина ме вознемирува – вели премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов во интервју за германски FAC.

loading...

На забелешката на новинарот дека ниту премиерот Зоран Заев, ниту кој било од важните политичари во Скопје не тврдат дека во Бугарија има македонско малцинство, Борисов вели “компромисот е можен, но треба да се познава историјата.

„Правиме што можеме за нашата комисија на историчари да најде компромиси. Отсекогаш сум велел дека иднината е важна. Но, исто така треба да знаете историја. По Втората светска војна, бугарските комунисти и комунистичката интернационала контролирани од сталинистичка Москва, сакаа Бугарите во Македонија да ги претворат насилно во Македонци од идеолошки причини. Бугарите таму беа принудени да се нарекуваат Македонци. Доколку се појават одредени погрешни прикази во текот на процесот на пристапување во ЕУ, а јас не реагирам, моите политички противници ќе речат: Борисов ја продава бугарската историја и се поклонува на притисоците од европските партнери“, вели Борисов во интервјуто, чиј превод на бугарски јазик го објави самиот на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.


loading...

Франкфуртер Алгемайне Цайтунг публикува разширена версия на интервюто си с мен и в онлайн изданието си. Ето и неговия…

Posted by Boyko Borissov on Недела, 29 ноември 2020