КОСТАДИНОВ: МНОЗИНСТВОТО Е СТАБИЛНО МИЦКОСКИ УШТЕ ДОЛГО ЌЕ БИДЕ ВО ОПОЗИЦИЈА
„Факт е дека народот ни дава власт, токму тоа и се случи. Благодарение на успесите на оваа Влада и на Зоран Заев во изминатиот период народот одлучи да ја даде довербата на СДСМ со коалицијата, секако и на Зоран Заев да ја предводи државата наредните години, тоа значи дека Христијан Мицкоски ќе остане во опозиција уште долго. Доколку сметаат дека има потреба за гласање на недоверба слободно нека повелат, мнозинството е стабилно“, изјави портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов како одговор на новинарско прашање дали владејачкото мнозинство е стабилно и располага со 61 пратеник после изјавите на премиерот Зоран Заев за Бугарија и по последните разочарувачки реакции за последните односи со Софија?.