ЈАВЕН ПОВИК ЗА КОФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА ПРОГРАМСКИ АКТИВНОСТИ НА МРЕЖИ НА БИЗНИС АНГЕЛИ

Министерство за економија упати јавен повик за: Кофинансирање на проекти за програмски активности на мрежи на бизнис ангели.

Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 17/18), Министерството за економија објавува:

ЈАВЕН ПОВИК
За кофинансирање на проекти за програмски активности
на мрежите на бизнис ангели

1. Предмет на јавниот повик е кофинансирање на програмски активности на мрежите на бизнис ангели во Република Македонија кои се во насока на промовирање на концептот на бизнис ангели како алтернативен инструмент за финансирање на малите и средни претпријатија преку кофинансирање на 70% од докажаните трошоци, но не повеќе од 500.000 денари поединечно за секоја мрежа-барател и тоа за реализација на проекти кои вклучуваат:

– Обуки/тренинг на претприемачи за средба со бизнис ангели;
– Обуки/тренинг, размена на искуства и стекнување на неопходните вештини на потенцијални инвеститори (бизнис ангели) за водење на постапката на инвестирање;
– Организирање средби меѓу претприемачи и бизнис ангели за презентирање на бизнис идеи и
– Промотивни активности за концептот на бизнис ангели.

Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018 година дел II област А. Поддршка и развој на мали и средни претпријатија, мерка 7 – Кофинансирање на проекти за програмски активности на мрежите на бизнис ангели („Службен весник на Република Македонија“ бр. 17/18) се предвидени средства во вкупен износ од 1.000.000,00 денари.

2. Право на учество на јавниот повик имаат активни претпријатија и фондации и здруженија на граѓани кои работат како мрежи/клубови на бизнис ангели во Република Mакедонија и кои се членки на Европската мрежа на бизнис ангели (EBAN: The European Trade Association for Business Angels, Seed Funds and Early Stage Market Players ), пред денот на објавување на овој јавен повик.

3. Потребни документи за пријавување:
• Образец „Барање – КП БА 2018“;
• Образец „Проект – КП БА 2018“;
• Доказ со кој се потврдува членството во Европската мрежа на бизнис ангели ( платена фактура за членство за 2017 и 2018 со извод од банка/свифт и копија од листата на членови на ЕБАН );
• Тековна состојба од Централен регистар не постара од 3 (три) месеци;
• Уверение од Управата за јавни приходи за платени даноци и придонеси не постаро од 3 (три) месеци;
• Изјава дека за проектот со кој аплицира досега не користел средства од Буџетот на РМ или од странски донатори, заверена на нотар.
• Уплатница на износ од 50,00 денари ( Цел на дознака: Уплата на административна такса, Назив и седиште на примач: Трезорска сметка, Банка на примач: Народна банка на Република Македонија, Трезорска сметка: 100000000063095, Уплатна сметка: 840________ (во зависност од општината) 03161, Приходна шифра и програма: 722313 00 ).

Горенаведената документација целосно пополнета се доставува во оригинал или копија.
Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница ја потврдува подносителот на барањето со свој потпис и печат.

Обрасците „Барање –КП БА 2018“ и „Проект – КП БА 2018“ за пријавување на јавниот повик, подносителите може да ги подигнат од архивата или од веб страната на Министерството за економија www.economy.gov.mk и порталот www.konkurentnost.mk
4. Критериуми за оценување на проектите:
1. Проект – 60 бода
2. Работна биографија на лицата кои ќе бидат ангажирани во реализацијата на проектот – 10 бода
3. Референтна листа на проекти – 10 бода
4. Реализирани инвестиции преку мрежата – 20 бода
Еден апликант може да аплицира само со еден проект по овој јавен повик.
Трошоците за репрезентација (ручек, коктели), сметки за комуналии (струја, вода, греење) телефон и интернет нема да бидат предмет на кофинансирање.

Барањата за кофинансирање на проекти за програмски активности на мрежите на бизнис ангели ќе ги разгледува Комисија формирана од министерот за економија.
Проектите ќе бидат оценувани согласно горенаведените критериуми по што ќе бидат склучени поединечни Договори за реализација на проект со апликантите чии проекти се одобрени од страна на комисијата.

Барањата за кофинансирање на проекти со комплетната документација се доставуваат до Архивата на Министерството за економија, ул. “Јуриј Гагарин” 15, Скопје заклучно со 18.06.2018 година.
тел: (02) 3093 445; (02) 3093 508 www.economy.gov.mk