ОСНОВЦИТЕ ОД КИСЕЛА ВОДА ЌЕ ТВОРАТ ЗА ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА АЛЕКСАНДАР СЕРГЕЕВИЧ ПУШКИН ПО ПОВОД „ПУШКИНОВИ ДЕНОВИ“

/

Во пресрет на манифестацијата „Пушкинови денови“, која годинава Општина Кисела Вода во соработка со Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија ја организира по јубилеен, 10-ти пат, оваа локална самоуправа распиша јавен конкурс во основните училишта од овој дел на градот. Учениците ќе изработуваат ликовни и литературни творби на тема „Ликот и делото на Александар Сергеевич Пушкин “.

Во конкурсот ќе бидат опфатени учениците од VI – IX одделение. Секое училиште може да учествува со најмногу 3 творби. Истите треба да се достават до Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт најдоцна до 04.06.2018 година до 12:00 часот. Вреднувањето ќе го изврши Комисија избрана од Градоначалникот.



Трите наградени творби од ликовниот конкурс и литературниот конкурс ќе бидат дел од културно-уметничката програма од „Пушкинови денови“ која ќе се одржи на 6 јуни во паркот Пушкин со почеток во 19 часот и 30 минути.

Претходна статија

ЈАВЕН ПОВИК ЗА КОФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА ПРОГРАМСКИ АКТИВНОСТИ НА МРЕЖИ НА БИЗНИС АНГЕЛИ

Следна статија

ЈАГНЕШКО ВО МЛЕЧЕН СОС

Најново од Истакнато