ПРЕМИЕРА НА ПРЕТСТАВАТА „БУНКЕР“ ВО КОЧАНИ
Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани вечерва (31 август) со почеток во 20 часот премиерно ќе биде изведена претствата „Бункер“…
„Светот се соочува со нуклеарен напад, воздухот е целосно контаминиран и животот на земјата е под сериозна закана. Хавард има изградено бункер се со цел да се заштити од надворешните влијанија. Преку оваа претстава се манифестираат разно разните дејствија кој што ги презема Хавард за да може да ги реализира своите скриени планови. Претставата изобилува со акција, интрига, насилство…“, појаснуваат во најавата за претставата од Центарот за култура во Кочани.
Во претставата настапуваат Владимир Игнатов, Марија Ѓорѓиева, Александар Арсов и Зорица Митева. Сценографијата и костимите се на Венцо Димитров, а музиката на Мартин Милев. Претставата репризно ќе биде прикажана и на 1 септември.
