ИГОР ЈУГ КОН МАНЧЕВСКИ: КАКВО ОРУЖЈЕ НОСЕВ?
Обвинетиот за настаните во Собрание на 27 април, Игор Југ го прашал сведокот министерот Дамјан Манчевски, какво оружје носел со себе. Манчевски од своја страна изјавил дека не е експерт за оружје, но според него се работело за оружје што може да се стави во задниот дел на панталоните. Игор Југ го прашал Манчевски, како успеал да ги процени дејствијата што тој ги преземал, ако во моментот бил жртва на насилство. Судијката Добрила Кацарска ги предупреди адвокатите на обвинетите за нивното однесување за време на вкрстеното испрашување.
