ЗАЕВ: НИЕ НЕМА ДА ПАДНЕМЕ ОД ВЛАСТ
Премиерот Зоран Заев во интервју за Дојче веле, ја исклучува можноста дека Преспанскиот договор нема да преживее доколку СДСМ ја изгуби власта.
„Ние нема да паднеме од власт. Сѐ што направивме за две и пол години, а направивме многу, ќе биде отфрлено. Она што го најавува опозицијата е закана дека ќе биде поништен договорот од Преспа, тоа значи дека земјата ќе биде доведена да биде исклучена од НАТО. Но едно е јасно, граѓаните кои во огромно мнозинство ги поддржуваат ЕУ и НАТО интеграциите на земјата, нема да дозволат земјата да скршнe од патот за кој се бореа генерации“, вели Зоран Заев во интерју за Дојче веле.

