ВМРО-ДПМНЕ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ПРЕДЛОГОТ ДРАГАН КОВАЧКИ ДА БИДЕ ТЕХНИЧКИ МИНИСТЕР НА МВР
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски изјави дека нема да го толкува Уставот во однос на предлогот за технички министер на неговата партија и додаде дека не треба да се кочи изборот на таков професионалец.
Според Стоилковски предложениот кандидат за технички министер во МВР, Драган Ковачки, е докажан професионалец од чија способност и интегритет се плаши актуелната власт.
Потсетуваме дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ вчера беше одбиен од премиерот Заев со образложение дека Драган Ковачки е воено лице што е спротивно на Уставот кој бара на чело на МВР да дојде лице кое во последните три години било цивил.

