КАМЧЕВ: БОКИ 13 ЗЕМАЛ РЕКЕТ ОД ЛУКОВСКИ, „ТИНЕКС“, ГЛАВЧЕВ И ПАНДЕЛЕВСКИ
„Не само јас, на Бојан Јовановски рекет му платија уште многу бизнисмени“, рече бизнисменот Орце Камчев на денешното судење за случајот „Рекет“, во кој освен Боки 13 обвинета е и екс обвинителката Катица Јанева.
Камчев наведе неодамна починатиот Жарко Луковски му кажал дека доколку не сака да биде дел од „Империја“ треба да плати 200.000 евра. Луковски му рекол на Камчев дека кога било апсењето, тој се исплашил и избегал во Србија. Потоа и од Белград му исплатил уште 250.000 евра, зошто бил ставен во „Империја“, а потоа извлечен.
Камчев сведочеше дека рекет платиле газдата на „Тинекс“, Главчев од Гевгелија, Дејан Панделевски, но тие не се одважиле да кажат и покрај материјалите што ќе го докажат тоа.
