НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА ПОСЛЕ НОВА ГОДИНА
Според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 0,50 ден/лит и со тоа ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 1,00 ден/лит, и со тоа новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 ден/литaр.
Цените кои РКЕ ќе ги соопшти утре, стапуваат на сила од вторник, пред стартот на Новата Година.