ХОРОР ВО ШТИПСКОТО ООУ „ТОШО АРСОВ“

//

Наставничка тепала дете од четврто одделение, а го терала и неговото другарче да го удира додека таа му ги држела рацете, по што против неа е поднесена кривична пријава. Ова за НОВА го тврдат родители на децата кои биле инволвирани во инцидентот, директорката на училиштето, а случајот стигнал и до градоначалникот на Штип. Пет месеци по инцидентот, мирот во основното училиште „Тошо Арсов“ не може да се врати. Родителите и децата се поделени, наставниците и директорката вознемирени. НОВА стапи во контакт со сите засегнати страни и приказната ја пренесуваме хронолошки.

Се започнало на 7 октомври минатата година кога деветгодишниот Марио, го удрил( намерно или не, мафтајќи со рацете) и го изгребал под окото неговиот врсник Александар, од другото одделение. Според кажувањата на мајките на двете деца, кога го видела наставничката го прашала кој го сторил тоа и заедно со Александар се стрчале кон Марио.

„Прво таа му удрила шамар, а потоа побарала од Александар да го удри Марио. На Александар му било непријатно тоа да го стори, но по наредба на наставничката Ванѓа го плеснал малку по лицето. Наставничката не била задоволна од тоа и барала да го удри посилно, со зборовите „Ова не е шамар, слободно удри го посилно“, по што, велат детето било принудено да ја слуша наставничката, го удрило додека таа му ги држела рацете на Марио“, раскажуваат за НОВА, Зорица Кирова мајка на Марио и Магдалена Г., мајка на Александар.

Тие две не се познавале се до пред извесно време кога одлучиле дека треба да стават крај на кошмарот која трае шест месеци од и по овој немил случај, да се истера правдата и да им се врати мирот на децата, на родителите и наставниците.



По, индицидентот Зорица, мајката на четвртооделенецот Марио случајот го пријавила во полиција по што, Јавното обвинителство покренело кривична пријава против наставничката Ванѓа Манева.

Двете деца биле повикувани на разговор кај педагог, психолог, просветен инспектор и по неколку пати раскажувале што се случило, поминувајќи низ голем стрес.

(ЦЕЛАТА СТОРИЈА НА КОЛЕШКАТА МЕНЧЕ ТОЧИ МОЖЕТЕ ДА ЈА ПРОЧИТАТЕ НА NOVATV.MK)



Претходна статија

ДАЛИ ЈА ЗАСЛУЖУВАМЕ АТИЏЕ?

Следна статија

МЕРИ ЛУ МАКДОНАЛД (ШИН ФЕЈН) „ПОЧНАВМЕ КОМУНИКАЦИЈА СО ОСТАНАТИТЕ ПАРТИИ ЗА СОСТАВ НА ВЛАДА БЕЗ ФИАНА ФАИЛ ИЛИ ФАИН ГАИЛ“

Најново од Вести