ДАЛИ ЈА ЗАСЛУЖУВАМЕ АТИЏЕ?

Атиџе ја запознавме благодарение на “Медена земја” и одма заклучивме дека нејзе треба да и помогнеме заради трошната куќа, оддалеченоста од големите градови, заради тоа што има само радио а не Google.
Заклучивме дека треба материјално да и помогнеме.
Тоа е за жал современата проценка за потребите.
Дали пред филмот слушнавме нејзин повик за помош? Дали негде рече дека и фали државна работа како хигиеничарка? Дали рекла дека се би дала да се вработи во администрација зошто и е доста од пчелите?
Не. Затоа што на Атиџе не и треба помош туку нам. А токму таа е нашиот помагач, нејзината грижа и врска со најбитните живи суштества за животот на планетава кои полека изумираат благодарение на трката на човештвото по материјалното богатство. Таа е линкот кој не одржува. Таа е богата, таа е духовното богатство кое ние не смееме никако да го материјализираме. 
Она што на Атиџе и треба се пчели, уште пчели, уште повеќе сандаци со овие мали но големи инсекти. А пчелите на Атиџе се всушност спас за нас.
Атиџе го заслужува секое внимание кое го добива, заслужува и фризура и шминка, заслужува да прошета по црвениот тепих и да и гледа на кафе на Сара. Заслужува да се качи на сцената и да биде дел од заблагодарувањата.
Но дали ние ја заслужуваме Атиџе?

Facebook статус на Денис Јанкуловски