ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СУДИЈА – ДПМНЕ СЕИРЏИИ

Како одминува времето СДСМ се повеќе покажува зoшто се залагале, всушност и пазарењата им излегоа на површина. Неспособноста на СДСМ во градот Охрид како и во цела Македонија да молчи и да подголтнува кога е во прашање брачниот другар е се поочајна и поочигледна. Како и во минатото така и сега за својот личен интерес на сѐ се спремни.

Во градот Охрид дојде и до физичка пресметка меѓу двајца советници, на што „Очувот“ и неговата партија се бранат со молчење, а пак од друга страна Зоран Заев за ново извадените „бомби“ се црви пред камерите, чиниш невеста пред мажење.

Ова ли е најавениот компромис на премиерот? Лицемерието на СДСМ нема крај, а пазареното мора да се испорача. Во љубовта нема правила, затоа и во оваа „платонска“ љубов сѐ е дозволено.

Не знам зошто, но ми се чини дека ваква „платонска“ љубов имаме сретнато. Ах да, Зона Замфирова (писателот од Унгарија) забега, а пак кутриот Мане (Али Ахмети) си побара нова невеста (ЗоранЗаев).

Драги „вмровчиња“ брзо заборавивте на оние 12 години, но народот не заборавил. Истиот тој Мане и неговите поданици ви беа ортаци цели 12 години, а пак сега како од Марс паднати зборувате за некакви бајки и гледате сеир. Жалосно и недолично е однесувањето на ДПМНЕ, кои упорно глумат новородена партија без историја. Истото тоа ДПМНЕ бара расчистување и одговорност за новите бомби, но предходните беа недозволени… Како беше тоа сечени, лепени и монтирани… Се додека Груевски ви е модел, само во Будимпешта ќе напредувате.

Заборавивте на 4 годишниот мандат на Бакрачески? Заборавивте ли на довчерашниот партнер? Зарем не бевте во коалиција со ДУИ 12 години и истите што ги напаѓате ви беа ортаци во секоја зделка? Заборавивте ли на советникот кој ви беше главен играч и во вашата претходна кампања? Но рака на срце три кружни и шеталиште од 124 метри не се заборава така лесно…

Трагајќи по решение и спас од едно зло, охриѓани се префрлија на другото зло… Цели 28 години пропаѓаме и тонеме во бездната наречена СДСМ-ДПМНЕ, но никако да се смогнат сили и да се одречеме од тоа зло. Како и со палмите едни наплатија да ги донесат, а други да ги отстранат. А кој ќе плати за сето тоа? Секако народот. Така е впрочем цели 28 години додека тие се препукуваат меѓусебно и ја уништуваат државата ние ја плаќаме цената за нанесената штета.

П.С. Бараме решение на проблемот од тие што го создаваат години наназад. Уште 100 години да им дадеме власт никогаш нема да го најдат решението, бидејќи тие се проблемот.

Автор: Даниел Јорданоски, ГДУ-Охрид