ПРЕСУДА ЗА „ТРИСТА“ ПО ВТОР ПАТ: ДЕВЕТ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ЃОКО ПОПОВСКИ

//

Судијката Добрила Кацарска го осуди на деветгодишна казна затвор Ѓоко Поповски, поранешниот помошник министер за внатрешни работи за случајот „Триста“ односно за незаконски тендер за набавка на 300 патнички возила на МВР.

Поповски треба да ги надомести и судските трошоци, вештачења и проценки во висина од 29 милиони денари.

Судењето за овој предмет се врати на почеток, откако Апелацискиот суд ја укина првичната пресуда од 9 години затвор поради технички причини и го врати предметот на повторно одлучување во Кривичниот суд.

Според обвинението, Поповски кој бил овластен од тогашната министерка за внатрешни работи Гордана да ги спроведува постапките за јавни набавки , одлуката за јавна набавка на 300 патнички моторни возила ја донел во 2012.



Во огласот за јавна набавка како критериум била наведена економски најповолна понуда, и требало да го добие оператор со најповолна понуда, но тендерот бил манипулиран така што за набавка на патнички моторни возила добивале и петорангираните, четврторангираните и треторангирани понудувачи.

Комисијата наместо да изврши избор на економски најповолни понуда, во самиот тек на постапката ги изменила критериумите за јавни набавки. Еднаш утврден, критериумот не смее да се менува за цело време на јавната набавка, наведе Кацарска. Таа исто така рече дека Поповски не смеел да ја прифати одлуката на комисијата за јавни набавки и не можел да не знае за штетните последици.

Поповски веќе издржува казна затвор за случајот „Тенк“. Тој е осуден на 6 години и шест месеци затвор.

Претходна статија

КУБАНЦИ САКАЛЕ НА ЦРНО ДА ВЛЕЗАТ ВО МАКЕДОНИЈА ОД ГРЦИЈА

Следна статија

П. КОЛЕВ: МИЦКОСКИ И ЗАЕВ ОДРАБОТУВААТ ЗА АЛИ АХМЕТИ

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да