МЕРИ ЛУ МАКДОНАЛД (ШИН ФЕЈН) „ПОЧНАВМЕ КОМУНИКАЦИЈА СО ОСТАНАТИТЕ ПАРТИИ ЗА СОСТАВ НА ВЛАДА БЕЗ ФИАНА ФАИЛ ИЛИ ФАИН ГАИЛ“

//

Лидерката на Шин Феин Мери Лу Макдоналд денеска соопшти дека нејзината партија започнала комуникација со останатите партии со цел да се најде начин како да се состави влада без некоја од поголемите партии Фиана Фаил или Фаин Гаил.

„Нема да се согласам, нашата партија да биде исклучена од преговорите за составување на новата ирска влада, бидејќи за нас гласаа четвртина од гласачите, јас мислам дека ваков потег ќе биде фундаментално антидемократски“, изјави пред новинарите во Даблин, лидерката на Шин Феин, Мери Лу Макдоналд.

Потсетуваме дека ирските гласачи не успеаја да изберат категоричен победник на вчерашните парламентарни избори.

Партијата „Фине Гејл“ (Ирско семејство), предводена од премиерот на Ирска Лео Варадкар, освои 22,4 отсто од гласовите, „Фиана Фајл“ (Војници на судбината) и „Шин Фејн“ (Само ние) освојуваат одделно 22,3, односно 22,2 отсто од гласовите на Ирците.



Податоците од изборите покажуваат дека доминантните партии „Фине Гејл“ и „Фиана Фајл“ сега се сопернички со левичарската националистичка партија „Шин Фејн“, која освои 14 отсто повеќе гласови од последните избори во 2016 година.

Претходна статија

ХОРОР ВО ШТИПСКОТО ООУ „ТОШО АРСОВ“

Следна статија

МАКЕДОНИЈА НАВИВА ПО 25 ГОДИНИ ПОВТОРНО НАШ ФИЛМ ВО ТРКА ЗА ОСКАР

Најново од Вести