Во бугарскиот музеј на отворено Етара започнува 18-от Меѓународен саем на традиционални занаети- ќе се претстават и занаетчии од РС Македонија
Во Етара – музејот на отворено кај Габрово Бугарија, денеска почнува 18. Меѓународен саем на традиционални занаети. На саемот ќе учествуваат 25 занаетчии од Бугарија и 30 од странство и ќе ги покажат своите вештини во старите занаети. Во рамките на саемот се одржува и натпревар за мајстори и оваа година натпреварот е во занаетот кујумџиство, јавува БНР.
Натпреварот оваа година е меѓу мајстори за орнаменти и друг накит од благороден метал од Малта, Романија, Турција, Северна Македонија и Бугарија. По завршувањето на натпреварот, инспириран од мајсторските облози од времето на бугарската преродба, жирито ќе го одреди најдобриот и ќе му ја додели големата награда „Сребрена хлопка“. Учесниците во младинската секција ќе се натпреваруваат во изработката на накит.
Овие настани се традиционални во рамките на Меѓународниот саем за занаетчиство во Етара, кој се одржува по тригодишен прекин. За разлика од претходните изложби, сега домаќините поканија само занаетчии кои го дале својот придонес за зачувување на занаетот што го практикуваат.
Во деновите пред неделата на чаршијата во Етара, посетителите ќе можат да видат демонстрации на вештини претставени за прв пат на саемот и да запознаат занаетчии кои практикуваат занаети што исчезнуваат.

