НАПРЕД ВАРДАРЕ!

//

Вчера Македонија ги пречека европските шампиони. Пречекот беше како што им доликува на овие херои на Македонија. Играчите на ВАРДАР качени на пиедесталот на Европа им ја приредија најголемата радост на нашите граѓани во последните неколку години. Наклон до земја.
АЈДЕ, АЈДЕ, ВАРДАРЕ!!!
На Плоштадот Македонија повеќе од 100.000 чисти срца, без било какви поделби ја приредија најголемата прослава во нашата држава. Со музика и заедничко пеење на македонски песни и химни на ВАРДАР, славеше Македонија.

Не беа тоа оние уценети, понижени, безидејни граѓани, кои под притисок на партиите, а платени богато (со сендвич и сок) доаѓаа да скандираат нешто во кое ни самите не веруваат. Таквите не се радуваат ни на сопствениот успех, а не камо ли на своите најблиски.
Собрани беа најдобрите, оние кои се ценат себеси, но уште повеќе своите ближни. Оние што Македонија ја чувствуваат како своја и за која немаат замена. Затоа и толку гордо беше изговарано името Македонија. Така и ќе остане, за век и веков.

Огромната „раја“ никој не ја преброја. Не се најде јунак да каже дали е тоа 100.000 или повеќе вистински патриоти. Оние кои секој ден се даваат целосно за својата земја. Оние кои со крв и пот ја градат својата земја и затоа и толку и се радуваат на успесите на своите екипи.

Вчера народот постави репер. Основа која мора да ја има партија ако сака да биде народна. Толку народ да собере на плоштадот со своја политичка програма, ниту една не успеала, а нема ни да направи. Со ситни души и сопствени егоистични интереси, нема одговор од народот. Ќе мора и понатаму да ги полнат автобусите и да ги уценуваат своите најблиски членови, за да привидно создадат слика дека се прифатени.

ВАРДАР тоа го направи со чисто срце и пожртвуваност во име на државата чии бои ги брани. Зад себе немаа милиони-не им беа ниту потребни. Имаа негации од сите страни. Дури ни ние самите не сакавме да ги гледаме и да веруваме во нив. Беа отпишани од сите.
Таквите се најсилни. Ја покорија Европа со својот инает и желба за докажување. Докажаа дека се над сите и дека им е доволно само да ги бодриме, да им покажеме дека не сме само саде и само тука. Дека не има милиони. Дека не се и никогаш нема да бидат сами.

Македонскиот инает е оној што го тера пирејот, повторно и повторно да расне. И да не сечат, никогаш нема да ја исчистат оваа земја од нас, Македонците. Бевме и ќе бидеме, свои на своето.
ВАРДАР ќе се врати повторно со некоја идна титула, а ние ќе го чекаме и ќе се радуваме заедно. Ќе бидеме сплотени и ќе бидеме ВАРДАР за сите, сите за ВАРДАР!!!



Автор: Перица Спасовски, претседател на ГДУ-Куманово

Претходна статија

ГДУ ОТКРИВА: КАКО ЛАЖЕА ЗАЕВ, ШЕКЕРИНСКА И ПЕНДАРОВСКИ ЗА ПРОМЕНАТА НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОН!

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ: ДВЕ ГОДИНИ ВО МАКЕДОНИЈА НЕ Е ИЗГРАДЕН НИТУ ЕДЕН МЕТАР НОВ ПАТ

Најново од Истакнато