ЗЕМЈОТРЕСИ ОД 4,9 И 4,4 СТЕПЕНИ ПО РИХТЕР СО ЕПИЦЕНТАР КАЈ МАВРОВО
Земјотрес со јачина од 4,9 степени по Рихтер пред околу десетина минути го погоди мавровскиот регион. Како што се наведува на страницата GEOSig, епицентарот бил кај Мавровското езеро, на длабочина од околу 10 километра.
Неколку минути подоцна на истото подрачје почувствуван е и втор потрес со јачина од 4,4 степени по Рихтер.