СЕРИЈА ЗЕМЈОТРЕСИ РЕГИСТРИРАНИ НОЌЕСКА ВО МАКЕДОНИЈА
Серија земјотреси се регистрирани на територија на Северна Македонија во вечерните часови.

Се работи за три земјотреси со интензитет од:
- 3,3 степени според Рихтер – епицентарот 18 километри од Зајас, на длабочина од 1 километар.
- 2,2 степени според Рихтер – епицентарот 17 километри јужно од Гостивар, на длабочина од 2 километри
- 3,1 степени според Рихтер – епицентар 20 километри југозападно од Гостивар, на длабочина од 2 километри
Вчера во Северна Македонија беа регистрирани серија земјотреси од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар.
Најсилно беше почувствуван земјотресот со локална Рихтерова магнитуда ML4.6.
