| |

ОД ПРОЛЕТ, НОВИ 33 ЕКОАВТОБУСИ НИЗ СКОПСКИТЕ УЛИЦИ

На седница на Советот на Општина Куманово, советник си побара пауза за бањање, симболично укажувајќи на проблемот со водоснабдување во неговата улица и проблемот беше веднаш ставен на приоритетна листа за решавање. А со која „герила“ акција да го свртиме погледот кон училиштата и нивните санитарни јазли, а неретко и со самото снабдување со вода?

Град Скопје денеска потпиша договор за набавка на нови 33 екоавтобуси на гас со компанијата „Ман“.

Станува збор за 21 нископоден автобус со капацитет од 85 патници и 12 зглобни нископодни автобуси со капацитет од 149 патници.

Како што информираат градските власти, со потпишувањето на овој договор и официјално почнува постапката за набавка на автобусите кои идната пролет ќе сообраќаат по скопските улици.

„Tриесет и три нови еколошки автобуси со погон на гас ќе бидат дел од возниот парк на ЈСП. Наша заложба е креирање јавен транспорт кој е економски ефикасен и не го загадува воздухот“, изјави скопскиот градоначалник Шилегов на потпишувањето на договорот.

Тој додаде дека новите автобуси се во согласност со последните технолошки трендови во оваа индустрија и ги задоволуваат стандардите за емисија Еуро 6.

Слични Објави