| |

(ФОТО) ПРИТИСОЦИ, ЗАКАНИ ИЛИ ПРИЈАТЕЛСКИ СОВЕТ? ДАЛИ ИЗБОРИТЕ ВО ОХРИД СДСМ ГИ ДОБИ СО ПРИТИСОЦИ ВРЗ ЛУЃЕ ПО ЦЕНА НА НИВНОТО РАБОТНО МЕСТО?

До нашата редакција стигнаа принт скринови од разговор на веќе избркан вработен од Јавно Претпријатие „Билјанини извори“ Охрид, со директорката на Јавното Претпријатие, Гордана Јованоска. Ако овие фотографии не се монтажа а не личат на таква, се поставува прашањето, дали во разговорот се работи за пријателски совет кон вработен во јавното претпријатие „Билјанини извори“ за време на изборниот ден, или за притисок од страна на директор кон вработен, кој според овој дел од разговорот не гласал заедно со својата жена за кандидатот на СДСМ.

Нашиот извор во Охрид нè информира дека човекот кој разговара со директорката е избркан од работа бидејќи неговата жена не гласала за време на локалните избори во Охрид.

Дали тоа е вистина и ако е уште колку такви пораки се испратени на вработени во јавните претпријатија во Охрид за време на локалните избори?

Дали тоа е правдата и мирот што ги ветуваа од СДСМ пред да дојдат на власт?

Дали заканите и притисоците за гласање за една одредена политичка партија се минато или се сè уште реалност?

Нашиот извор нè информира дека постојат уште докази за закани кон веќе избрканото од работа лице и истите ќе ги објавиме веднаш штом ги добиеме.

Порталот Трибуна им стои на располагање на сите засегнати страни во случајот за да ја кажат својата позиција?

Слични Објави