| |

Прекугранична конференција за проектот „Европа на Балканот: Заедничка иднина“ на БТА ќе се одржи во Скопје и Ќустендил

Во прес-клубот на Бугарската телеграфска агенција (БТА) во Скопје денеска ќе се одржи третата прекугранична конференција во рамки на проектот „Европа на Балканот: Заедничка иднина“, а учесниците во Националниот прес-клуб на БТА во Ќустендил ќе се вклучат во форумот онлајн.

Форумот ќе го отвори генералниот директор на БТА Кирил В’лчев. Во форумот ќе учествуваат и генералниот директор на државната информативна агенција во Северна Македонија, МИА Драган Антоновски; Ангел Ангелов, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Бугарија во Република Северна Македонија; Дритон Руси, помошник директор на „Железничка инфраструктура“ во Република Северна Македонија; Огњан Атанасов, градоначалник на општина Ќустендил; Николај Дочев, заменик градоначалник на општина Ќустендил; и Стефана Марковиќ, проектен координатор – Еду центар.

Учесниците кои ќе се вклучат од Ќустендил ќе бидат Тони Јакимовски, раководител на Заедничкиот секретаријат на програмата за прекугранична соработка Бугарија – Северна Македонија; Љубомира Велинова, менаџер на Регионалниот информативен центар во Ќустендил; Јордан Беловодски, главен секретар на Трговско-индустриската комора во Ќустендил; Доц. д-р Ангел Џонев, Институт за историски студии при Бугарската академија на науките.

Проектот „Европа на Балканот: Заедничка иднина“ го спроведува БТА со поддршка на Европската комисија и се надоврзува на веќе спроведениот проект „Европа во Бугарија: Заедничка иднина“. Меѓу целите на проектот се: подобро разбирање на улогата на кохезионата политика, вкл. на Балканот; подигање на свеста за проектите финансирани од ЕУ преку Кохезионата политика; промовирање на отворен дијалог за резултатите од неговото спроведување на локално ниво, како и граѓанско учество во прашања поврзани со кохезионата политика. Ова е уште еден проект по „Европа во Бугарија: Заедничка иднина“, реализиран од БТА.

Почетокот на серијата конференции за проектот беше даден на 20 декември минатата година во Софија. Првата регионална конференција за проектот се одржа на 16 јануари во Русе, на која градоначалниците и експертите разговараа за новините за периодот 2021-2027 година и за постигнатите резултати во периодот 2014-2020 година. Следниот ден, БТА беше домаќин на првата прекугранична конференција Букурешт-Русе. Прекугранична конференција за проектот се одржа и во Одрин и Хасково.

До денес, конференции се одржани и во градовите Разград, Велико Трново, Силистра, Габрово, Бургас, Сливен, Јамбол, Казанл’к, Благоевград, Стара Загора. Во периодот до август 2024 година, БТА ќе организира дискусии во своите прес-клубови во Варна, Видин, Враца, Добрич, Карџали, Ловеч, Монтана, Пазарџик, Перник, Плевен, Пловдив, Самоков, Смољан, Софија, Трговиште, Хасково и Шумен. како и прекугранични конференции во Белград, Босилеград, Солун.

Вредноста на проектот „Европа на Балканот: Заедничка иднина“ изнесува 348.871,28 евра. Периодот на имплементација е 1 октомври 2023 година – 30 септември 2024 година. За да ги постигне поставените општи и конкретни цели, БТА планира да користи медиумски микс, вклучувајќи иновации како виртуелна реалност и гејмификација, како и мултиканална медиумска стратегија. Со планираниот медиумски микс, агенцијата очекува да достигне 700.000 – 1.000.000 луѓе во Бугарија, Романија, Србија, Северна Македонија, Грција и Турција.



Слични Објави