ДОСТА Е СО МЕЃУСЕБНИТЕ ОБВИНУВАЊА, РЕШЕТЕ ГО ПРОБЛЕМОТ СО ЗАГАДУВАЊЕТО!

Вести Истакнато Македонија

Додека граѓаните се гушат од загадениот воздух и секојдневно бараат помош и апелираат надлежните нешто да сторат, градоначалникот Шилегов си игра игрици на мобилниот телефон. Заменик министерот за животна средина Макрадули, пак очигледно го фаќа дремка од темата загадување. Министерот Дураку јасно ни кажа дека со граѓаните не се занимава, се вели во соопштението на политичката партија Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.

Епа господа за ова ли ја баравте довербата од граѓаните? И уште да не убедувате дека светските медиуми излажале кога објавиле дека Македонија е најзагадена во Европа. Не, никој не лаже, секој ден дишеме отров, илјадници луѓе умираат од загадувањето. Ова е еден од најважните проблеми за кој треба да се дискутира и во кој не треба да се меша политика, треба решение! Но очигледно оние кои многу ветуваа пред избори, покажаа дека не се способни. Исто како и претходниците кои жестоко ги напаѓаа.

Доста е од мудрување и од обвинување, кој е виновен за загадувањето, кога било позагадено, дали кога ДПМНЕ биле на власт или сега кога СДСМ е на власт. Се гушиме со години наназад и никако да се справиме со проблемот.

Треба да се побара помош. Странска помош , зошто градоначалниците и министрите имаат „попаметна“ работа.

И сфатете преку глава им е на граѓаните да слушаат „ќе го решиме проблемот“. Тоа „ќе“ го изнаслушавме, ама решение нема.

Состојбата е алармантна!