КУРТИ ОЧЕКУВА ВО ЈАНУАРИ ДА СЕ ФОРМИРА НОВАТА КОСОВСКА ВЛАДА
Лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти, кој се очекува да биде иден премиер на Косово откако неговата партија победи на парламентарните избори, изјави дека очекува во јануари да биде постигнат договор за формирање заедничка влада со Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), пренесува Лидер.
На седница на Генералниот совет на партијата, Курти рече дека договорот за коалиција доцни поради тоа што во досегашниот тек на преговорите „имаше барања преку мандатот“. ВВ, додаде тој, несебично ја понуди на ЛДК едната од функциите што гласачите ѝ ја доделија нејзе, онаа на собранискиот спикер, меѓутоа таа понуда беше одбиена од партијата на Иса Мустафа.
