АТЛАНТСКИ СОВЕТ НА БУГАРИЈА: АКО РС МАКЕДОНИЈА НЕ Е ПОДГОТВЕНА ДА СЕ ОДНЕСУВА ЕВРОПСКИ, ТОА НЕ ТРЕБА ДА ЈА СПРЕЧУВА АЛБАНИЈА ДА ГИ ЗАПОЧНЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ

//

Атлантскиот совет на Бугарија (АСБ) секогаш изјавувал дека проблемот со одложувањето на почетокот на преговорите за пристапување на РС Македонија во ЕУ е во рацете на нејзината политичка елита и решението на проблемот се наоѓа само во Скопје .

„Се надеваме дека македонските граѓани сфаќаат дека патот по којшто ги водат нивните политичари е тотално погрешен. Со клеветење, со уцени и вршење притисок, Бугарија не може да биде принудена да се согласи дека Северна Македонија е подготвена да започне преговори со ЕУ“, се вели во позицијата на AСБ.

„Нашата земја има јасен став за ова прашање, поддржан со документи усвоени од Бугарскиот парламент. Позицијата на нашата земја ужива над 85% поддршка кај бугарските граѓани. Крајно време е македонското општество да направи сериозна проценка на своите позиции , да се напуштат илузиите, да се отфрлат лагите и да се покаже европско однесување. Ако РС Македонија не сака да го стори тоа, тоа не треба да ја спречува Албанија да започне пристапни преговори со одвојување од РС Македонија во преговарачкиот процес “, велат бугарските атлантици.



Атлантскиот совет на Бугарија продолжува да ја поддржува желбата на РС Македонија да стане членка на ЕУ, но само кога ќе биде подготвена за тоа. Во оваа фаза, РС Македонија е сè уште далеку од оваа состојба и ние го поддржуваме ставот на одговорните бугарски државни институции да не се согласат да започнат преговори за пристапување на РС Македонија во ЕУ, потенцираат од АСБ

Претходна статија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ИНСПЕКТОР КОЈ, ПОРАДИ НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ, ГО ОШТЕТИЛ БУЏЕТОТ НА МВР

Следна статија

НОМИНАЛЕН ИЛИ РЕАЛЕН ТЕРОРИЗАМ: УСТАВОБРАНИТЕЛИ ИЛИ ТЕРОРИСТИ?

Најново од Вести