ПЕНДАРОВСКИ:ДОБРО Е ШТО ВМРО-ДПМНЕ ВОСПОСТАВИ КОМУНИКАЦИЈА
„Добро е што по девет месеци некомуницирање, се воспостави комуникација со институцијата претседател на Северна Македонија, што може да биде во насока на попродуктивен политички дијалог“, вели претседателот на државата Стево Пендаровски за Дојче Веле.
Изјавата на претседателот следи откако вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, информира дека на негово барање остварил телефонски разговор со шефот на државата, со кого договорил во утре да имаат средба на која ќе разговараат во врска со осудените за случајот „27 април“ и за актуелните економски и политички состојби во земјава.
