ОСМАНИ ВРАБОТУВА УШТЕ ЛУЃЕ БИДЕЈЌИ ТРЕБА ДА СЕ ЕКИПИРА ЗА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ

Новите вработувања во владиниот Секретаријат за европски прашања (СЕП), за кои е објавен оглас, се кадровско екипирање за преговорите за членство во Европската унија, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

– СЕП е носечкиот столб на преговарачката структура. Очекувајќи дека во јуни годинава ќе добиеме потврда за датумот за преговори и оти во текот на годинава ќе ги започнеме преговорите, пред се, билатералниот скрининг, па и преговорите, ако има институција која треба да се подготви кадровски тоа е СЕП, рече Османи, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата за стартот на проектот Скопје-Блаце. (Повеќе)