С. БОРИЗОВСКА: ВО МАКЕДОНИЈА ИМАМЕ ЈАВНИ ИНСТИТУЦИИ СО НЕОБУЧЕН КАДАР КОИ РАБОТАТ СО ДЕЦА ЖРТВИ НА СЕКСУАЛНО ЗЛОСТАВУВАЊЕ

//

„ ВНИМАНИЕ ! 
Како единствена земја во Европа без Детски Омбудсман, Правобранител за Заштита на Детски права, кое е неопходно за ефективен општествен, правен поредок, имаме јавни институции со не-обучен кадар кои работат со деца жртви од сексуално злоставување, малтретирање и слично (како може да искористите оправдување за оваа состојба дека девојчето постојано го правело тоа и било вообичаено за неа????), со нивното незнаење нанесувајќи им уште полоша и поголема траума, додека и голем дел 
од нив враќајќи ги назад кај силувачот, не сакаат да веруваат дека е можно татко да злоставува своја ќерка или мајка свој син, бидејќи човечкото во нас одбива да верува во такви грозоморни дела!

Да, се случува и знаете што? Се случува и додека го пишувам овој пост! Се случува на секојдневно ниво, малтретирање, вербално, физичко, сексуално злоставување врз деца се случува на СЕКОЈДНЕВНО НИВО во земјава и станува пандемија со која не знаеме од каде да почнеме за да ја чистиме!! Каде сме слушнале дете да бега од единствено место каде треба да му се пружи заштита, поддршка и да се рехабилитира во општеството?! 

Додека медиумите си постираат новини кои ги бара народот кој е гладен само за политика и млатење празна слама, МЛАДИТЕ ГЕНЕРАЦИИ буквално “замруваат“ во земјава.
Децата се нашата иднина, не Боки 14-ка, не СДСМ; не ВМРО, не било која политичка партија!!! Политиката и општествениот поредок се две различни нешта!! Заврши социјализмот и комунизмот одамна, каде се беше политика!!! 
Буквално ја испуштаме нашата светла иднина, додека ни е пред нос и моли за помош!!
Секој ден ќе Ве потсетувам за тоа“, напиша на својот профил активистката Сања Боризовска, како коментар на веста за седумнаесет годишното девојче, кое вчера избега од СОС Детско село.



Претходна статија

ЈАНУШЕВ: ДАЛИ Е ТОЧНО ДЕКА НА ЗОКИ КИЧЕЕЦ МУ БИЛ ДОДЕЛЕН СТАТУС НА ЗАШТИТЕН СВЕДОК ОД СТРАНА НА СЈО?

Следна статија

ГДУ-ОХРИД: НАПЛАТА НА ЦРНО ЗА СОМНИТЕЛНИ ПАРКИНГ МЕСТА ВО ОХРИД

Најново од Вести