МИЦКОСКИ ГИ СОБРА ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО БЕЛАТА ПАЛАТА

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги повикал сите пратеници во палатата „Христо Татарчев“ со објаснување дека ќе се одржи седница на Извршниот комитет, јавува Алсат М. Претходно од партијата обвинија дека од страна на власта и од премиерот Заев се вршат жестоки притисоци за обезбедување мнозинство за гласање за уставните измени.