|

Стојаноска: Теарце е македонски непокор

Вчера, заедно со носителката на листата во ИЕ 6 од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во посета на Теарце беа и техничките министри Панче Тошковски и Ѓоко Велковски.

Како што информираат, оствариле средби со жителите кои, како што велат, „добија ветер во грб и беа задоволни од тоа што имаа можност да разговараат за нивната живеачка и опстанок во овие краишта“.

„Тие биле и се македонскиот непокор. Остануваат во родните краишта, но овојпат очекуваат многу поголема поддршка од централната власт, бидејќи оваа сосема ги заборави“, се додава во соопштението.



Слични Објави