А.ГАШИ: НИЕ СМЕ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ И ВЛЕЗ ВО НАТО

Вести Истакнато Македонија

Сега, кога е актуелна улогата на пратениците за очекуваните уставни измени, а двајца пратеници, дојдени некогаш од една друга партија во Движењето БЕСА му се спротивставуваат на овој процес, бараме од медиумите да имаат разбирање за овие разлики и секогаш кога треба да информираат за ставот ПРОТИВ на тие пратеници, да ги споменуваат преку нивните лични имиња или преку фракцијата која ја претставуваат. 

Притоа, ние уште еднаш потврдуваме дека Движењето БЕСА со своите три пратеници останува силно посветена на усвојување на уставните измени и членството на земјата во НАТО, убедена дека на тој начин се реализира и еден дел од нашата програма, но и еден висок интерес на Албанците во Македонија, кој воедно е и стратешка цел на државата, изјави лидерот на скопското крило на движението БЕСА, Африм Гаши.