| |

Г. АДЕМИ СТАНЕТЕ ОД УДОБНАТА ФОТЕЛЈА И РЕШЕТЕ ГИ ПРОБЛЕМИТЕ НА НАШИТЕ НАЈМИЛИ- УЧЕНИЦИТЕ!

Страшно сум изреволтирана од фактот што по пат до училиште наместо за школо, нашите најмали и најмили разговараат за политика и тоа деца основци од петто одделение. Децата кои родителите им се во две различни политички партии во земјата, едното го брани Мицко а другото Зајко! Се прашувам само дали така е и во европските земји. Одговорно тврдам дека во одредени земји во Европа граѓаните освен кој им е претседател не знаат ништо за нивниот политички систем, додека кај нас и децата од најмала возраст знаат кои се „предавници“ а кои се „патриоти“, кој колку допринел за државата а кој украл од државата. Децата од внатрешноста заинтересирани као изгледа бројчаникот на Триумфалната капија во Скопје и ред други работи кои денешните деца се оптеретени од политичките играчи во државава. Но поентата ми е друга. Денес на нашите телевизиски екрани и интернет портали освен за политика ретко кога можеш да најдеш емисија или видео од едукативен карактер за деца.
Овде се поставува прашањето, што има изработено Министерството за образование и науки за едукација на најмладите и дали Министерството воопшто размислува за едукацијата на нашите деца?!

Освен неколкуте скандали од основните училишта и градинките кои излегоа во јавноста, до каде ни се стигнати реформите во образованието воопшто?

Зошто се повторуваат огласите за прием на студенти во студентските домови? Немаме ли капацитет да го пополниме ни еден од студенските домови?

А како и ќе имаме кога условите за живот во домовите за студентите е катастрофален или проблемот е следен- секој петти матурант од оваа година аплицира надвор од државата и сака да студира во некоја од блиските држави како на пример-Словенија или Бугарија?!

Иако сме на прагот на првото тромесечие од оваа учебна година и повеќе месечното раководење со Министерството од страна на министерот Адеми, никаде во јавноста не се појави информација дека нашето Министерство за образование и наука воопшто спроведува некакви реформи.

Мислам дека крајно време е некој да ја преземе одговорноста во државата по прашање за образованието во нашата земја. И повторно ќе напоменам ако не знаете како преземете ги моделите од некои европски земји кои успешно функционираат со години наназад. Се е само прашање на желба и волја и не е толку невозможно да се спроведе некој модел, само ми се чини дека освен удобноста на фотелјата никој не размислува за европските вредности по ова прашање.

И како последно прашање добиено од информација на загрижен родител од општина Топлочани- прилепско. Дали воопшто знаете дека учениците во петто одделение сѐ уште немаат добиено учебници по одредени предмети а притоа сме крај на месец октомври? Дали воопшто ова е и единствената општина каде што учениците немаат добиено учебници? Срам!

Автор: Фросина Китановска

Слични Објави