| |

“Политико”: Захариева е изборот на Фон дер Лајен за комесар од Бугарија

Урсула фон дер Лајен во вторник наутро ќе ја претстави конфигурацијата на комесарите со соодветните ресори во новата ЕК, јавува „Политико“, пренесува Фактор.

Според „Политико“, Екатерина Захариева е изборот за комесар од Бугарија.

Според изданието, нејзиното портфолио ќе биде справување со кризи и хуманитарна помош. Други извори во Брисел велат дека нејзиното портфолио ќе биде „добрососедство“.

Претходно имаше и информации дека ќе го добие ресорот „регионална политика“.



Слични Објави