|

СЛУЧАЈОТ СО СИНОТ НА ЏЕВАТ АДЕМИ УШТЕ СЕ РАСЧИСТУВА, НО АКО КОРИСТИШ ОГНОМЕТ НА СВАДБА ВЕДНАШ ТЕ ПРИВЕДУВААТ

Жител на гостиварското село Беловиште е приведен и се соочува со пријава поради неовластено приредување огномет на свадбена веселба, јавува Фокус.

Од СВР Тетово потврдуваат дека синоќа околу 22 часот и 50 минути, во Полициската станица Гостивар бил приведен М.Б. (49) од гостиварското село Беловиште поради неовластено приредување огномет и нарушување на јавниот ред и мир.

Потсетуваме дека пред една недела синот на пратеникот Џеват Адеми, беше ранет со огнено оружје, за време на свадбена прослава. Случајот уште се расчистува, а одредени медиуми изнесоа во јавност шпекулации дека самиот пратеник несакајќи го повредил сопствениот син.

Слични Објави