ЛАЖНИОТ ПАТРИОТИЗАМ ИМ Е ПОТРЕБЕН ЗА ДА СИ ГИ ЗАЧУВААТ ФОТЕЛЈИТЕ

//

За почеток да напоменам дека сме 21 век, период кога се очекува сосема друго од човекот како свесно и разумно суштество. Едно е да си го сакаш своето, друго да ги мразиш другите.

Роден сум 1971г во СФРЈ. Растев во период кога името на некој од Марибор преку Осијек, Мостар, Никшиќ, Пеќ, Алексинац па се до Дојран беше се што сакавме да знаеме. Орле, Џеко, Семира Драгана, Сафет, Ерол, Ардијан, Шенол, Флорина, Гзим и Мунип, Зденко…… Беа и се момци и девојки дел од моето секодневие. Растевме, учевме, се дружевме и ниеднаш во ниту еден момент никој никогаш не го стави на маса македонското, босанското, српското, албанското. Не дека немаше национализам тогаш, но беше во многу мала и неизразена форма, да не речам во илегала. Ние не дозволувавме тоа да биде фактор за дружењето. Ние се почитувавме како луѓе и бевме неоптеретени со овие денешни вештачки наметнати проблеми.

Но денес токму национализмот под лажниот превез на патриотизмот е извишен и кренат на едно ниво кое само разгорува омраза. Кому му е потребен и корисен? Нам, на обичните, нормални луѓе секако дека не. Потребен им е на криминалци кои беа заседнати во фотељи и кои власта ја држеа играјќи токму на таа карта и на кои не им одговараше мирен и достоинствен живот со почитување пред се на човекот затоа што на тој начин немаше да успеат да владеат илк поточно да крадат. И откако ги станаа од фотељите тие уште не се предаваат, секоја ситуација, секој момент и секојдневно инфузираат една одредена целна група на граѓани со “опасност од губење на идентитетот и државата заради сите не-македонци”.

Тоа е заблуда која за жал кај овие лесноподводливи создава немир и страв и во одбрана на својата “нападната” македонштина мразат се што нема предзнак македонски. Мразат до ниво да не знаат што зборуваат или сесилат што би направиле, иако повеќето се јаки само на вилици, ама и тоа не е за потценување.

Уверени се дека албанците, турците, власите, србите, босанците, грците, ромите, французите, американците, словенците и речиси сите други ги ништат како народ и нација, дека сакаат да им ја земат и приграбат нивната “античка и век и вековна” историја, дека сакаат да ги збришат од картата на светот. Но она што не сакаат, не смеат и не се ни осудуваат да го разберат (затоа што боли вистината) е дека токму тие кои им ги полнат главите со лаги и невистини ги уништуваат како луѓе. Тие им ги украдоа парите, имотите, им ги избркаа децата во странство, ги оставија без работа, тие им распродадоа се што им е нив свето. ТИЕ ИМ ГИ УКРАДОА ЖИВОТИТЕ.
И сега овие крадци се штитат себеси и своите криминали со лажен патриотизам и воскреснување на национализмот, нешто што современо разумно битие во 21 век го смета за историја и гледа напред кон иднината на едно друго ниво. 

Иако е во подем национализмот затоа што е во експанзија криминалот сепак верувам дека тоа нема да предизвика нешто непосакувано. Но за жал сметам дека неосудувањето, нетолерирањето на оваа негативна појава остава доволно простор за подлабоко вдомување. Тоа особено е видливо во говорите и размислувањата на учени интелектуалци кои заради некави бенефити забораваат кон што се стремиме.



Национализмот мора да се искорени за доброто на сите!!!

Автор: Денис Јанкуловски



Претходна статија

ШЕСТ ЛИЦА ВО ТЕТОВСКО ПРИВЕДЕНИ ПОРАДИ ДРОГА

Следна статија

(ВИДЕО) ЉУБЧО НЕШКОВ: СПОРОТ ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ЌЕ ДОБИЕ ПОЗИТИВНА РАЗРЕШНИЦА

Најново од Ваш став

Кандилце за душата

Пишува: Румен Леонидов В началото не бе Словото. В началото начело беше Светлината, която възсия чрез