| |

ГДУ: 20 ГОДИНИ УЛИЦАТА „ВАНЧО ПРКЕ“ ВО ВИНИЦА Е ОПАСНОСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ

ГДУ обвинува 20 години улицата  „Ванчо Прке“ во Виница е опасност за граѓаните

„Oва е улицата Ванчо Прке во Виница која има голем проблем со свлечиште на земјиштето. Повеќе од 20 години локалните власти ги лажат граѓаните од оваа улица дека проблемот ќе биде решен со изградба на потпорен ѕид, но тоа никако да се случи. Самата улица кажува се!

На истата улица не се сменети цевките за вода. Жителите уште пијат и користат вода од старите азбестни и отровни цевки кои се поставени пред повеќе од 50 години и не се променети до сега. Апелираме до градоначалникот на Општина Виница, Ивица  Димитров, и до директорот на комуналното претпријатие да се фатат за работа и да го исполнат она што го ветиле на граѓаните во нивната кампања“ изјави Дејан Соколов- претседател на ГДУ-Виница

Локалните власти ја прифаќаат забелешката со ветување

„Предвидено е улицата „Ванчо Прке“ кракот што остана да бидат заменети старите азбесни цефки со нови. Што се однесува до потпорниот зид минатата година го завршиве на улицата Иво Лола Рибар така да оваа година е предвидено во годишната програма и очекуваме дека до крајот на годината ќе биде поставен потрпорен ѕид. Знаат дека минатата година реализиравме 80% од нашата програма така да очекувам така да биде и оваа“ изјави  Ивица Димитров Градоначалник на Општина  Виница.

Извор: ТВ Стар

Слични Објави