ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ „МОНСТРУМ“
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, „Монструм“.
Случајот се наоѓа во доказна постапка, се читаат СМС-пораки и други транскрипти, предложени како дополнителни докази од Обвинителството.
Судскиот процес го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

