| |

АПЕЛАЦИЈА ДЕНЕСКА ОДЛУЧУВА ЗА ЖАЛБИТЕ НА САШО МИЈАЛКОВ И МЕНДУХ ТАЧИ

Апелациониот суд денеска ќе одлучува по жалбите на обвинетите во предметот „Титаник 2“, Сашо Мијалков и Мендух Тачи и поранешни членови на ДИК, откако Кривичниот суд во март годинава ги осуди на затворски казни од 3 до 4 и пол години за за изборни нерегуларности за локалните избори во 2013 година.

Предметот од страна на Обвинителството ќе се застапува од вишата јавна обвинителка Соња Симовска, која ќе ги замени поранешните специјални обвинители Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Ова следи откако предметите на СЈО ги презеде државното обвинителство. Во иднина за сите жалби на обвинетите ќе ги застапуваат обвинители од Вишото јавно обвинителство.

Слични Објави