Изложба посветена на 150 години од Априлското востание ќе биде отворена во БКИЦ-Скопје
Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје и Амбасада на Република Бугарија во Република Северна Македонија отвораат изложба по повод 150-годишнината од избувнувањето на Априлското востание.
Изложбата, насловена „За слободата на еден народ“, е претставена како заедничка експозиција на Национална библиотека „Св. Св. Кирил и Методиј“ и Државна агенција „Архиви“. Истата содржи документарни сведоштва поврзани со историската меморија и духовното наследство на периодот.
Изложбата ќе биде отворена на 28 април 2026 година со почеток во 18:00 часот.

